Провинциската влада на Кубер Пахтунхва, Пакистан најде начин да ги зголеми рејтинзите на нивните прес-конференции. По грешка.

Видеото во живо на регионалниот министер Шаукат Јусафзаи, кој зборуваше со новинарите, вчера стана вирално, откако некој што беше задолжен за него заборави да го исклучи филтерот за мачки. Како резултат на тоа, Јусафзаи и неколку други политичари добија уши и мустаќи.

Сподели на Facebook
пати видено