Се појави шокантно видео, во кое се гледа моментот кога индиската полиција спасува бебе девојче, кое требало да биде закопано живо од нејзиното семејство. Полицијата се соочува со мажот кој го држи бебето во раце, додека друг маж копа дупка со голи раце. Всушност дедото на новороденчето се обидувал да ја закопа во пустелија во Хајдерабад, Индија.

Двајцата мажи им велеле на полицајците дека бебето починало, но можело да се види како девојчето мрда под кебето. Полицијата ја повикал локален таксист кој ги забележал двајцата сомнителни мажи. Мажите биле уапсени, а потоа пуштени, додека девојчето им било одземено и поминува низ лекарски проверки.

Убивањето на девојчиња е континуиран проблем во Индија, каде се сметаат како финансиски товар заради мираз што треба да се плати кога ќе треба да стапат во брак. Мираз е трансфер на пари или имот од семејството на невестата во семејството на зетот на нивната свадба. Се смета дека толку овие грозоморни чинови се причина зошто има 940 жени за секои 1.000 мажи според пописот во 2011 година.

Една неодамнешна студија спроведена од УНИЦЕФ покажа дека 500.000 неродени бебиња девојчиња секоја година се абортирале во земјата, додека во извештајот датиран од 2006 година се утврдува дека 10 милиони девојчиња биле убиени – или пред да се родат или веднаш по раѓањето – од нивните родители меѓу 1986 и 2006 година .

Машките деца се претпочитани во Индија бидејќи се верува дека тие ќе донесат богатство и просперитет на семејството, додека жените честопати се сметаат за товар.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено