Во светот не се фалсификуваат само скапи часовници, чанти од модни брендови и слики од познати уметници, туку и автомобили. Се разбира не зборуваме за Југо или Лада туку за спортски автомобили.

Сега имаме еден ваков производител помалку. Во Бразил полицијата затвори фабрика која произведувала реплики на Ферари и Ламбургини.

Работилницата за производство на спортски автомобили била лоцирана во градот Итажаи во јужниот дел на Бразил и станува збор за „семеен бизнис“ бидејќи татко и син раководеле со целата операција.

Во фабриката пронајдени биле осум недовршени автомобили. Исто така, полицијата пронашла многу делови, логоа од Ферари и Ламбургини, како и други додатоци. Судејќи според објавените фотографии, Lamborghini Huracan и Ferrari F430 биле во најголема побарувачка. Изборот на вториот модел се чини малку нелогичен: ако Ураган е модерен автомобил, F430 повеќе не не се произведува од 2009 година.

Тешко е да се зборува за квалитетот на копиите. Иако визуелно тие со голема прецизност се реплики на вистинските спортски автомобили нема некоја техничка усогласеност. Рамката е заварена со челични цевки со стандарден пресек, а надворешните панели се обликувани од пластика.

Се користеле стари мотори од многу поедноставни автомобили. На пример, во еден од автомобилите бил пронајден мотор од Opel Omega.

Сопствениците на фабриката ги продавале своите производи со резервација преку социјални мрежи. Најверојатно на тој начин биле и откриени. Бразилската полиција реагирала откако талијанските производители поднеле жалби за незаконска употреба на трговски марки.

Необично е што овие фалсификувани не можат да се наречат сосема евтини. Автомобилите чинеле од 40.000 до 50.000 евра. во исто време треба да се има на ум дека оригиналите во Бразил чинат од 350.000 евра па се до над 700.000 евра.

Освен сопствениците на бизнисот, доколку се докаже дека и купувачите знаеле дека купуваат копии исто така и тие можат да бидат обвинети.

Сподели на Facebook
пати видено