Полицијата во Австралија бара две жени кои се обвинети за кражба на „производи“ во вредност од 600 долари од продавница за се*с играчки.

Кога ги провериле безбедносните камери забележале дека три жени влегуваат во продавницата, а две од нив го отстрануваат пакувањето на 4 вибратори со високи перформанси и ја напуштиле продавницата со „играчките“ скриени во нивната облека.

Сопственикот на продавницата Либидо, вели дека девојките успеале да ги украдат нивните најпродавани 4 вибратори. Еден од вибраторите, The Come Hither Rabbit чини 280 долари. Останатите вибратори имале цени од 85 до 140 долари.

Двете девојки ги земале вибраторите и ги однеле во во соблекувалната, каде што го оставиле пакувањето. Полицијата ги објавила фотографиите од девојките во случај да може некој да ги идентификува, а сопственикот нуди награда од 50 долари за оној кој ќе го стори тоа.

Сопственикот исто така додава дека во рок од околу 6 месеци губи над 2.500 долари „благодарение“ на кражби и најголем дел од украдените производи се секс играчки за жени.

Сподели на Facebook
пати видено