Полицајците од Мелбурн, Австралија организирале „тајна задача“ на која целта им била да откријат колку возачи ги користат своите мобилни телефони додека чекаат на семафорите.

Тие се „маскирале“ во чистачи на шофершајбни и откако ќе забележеле дека некој од возачите зборува на мобилен телефон им јавувале на своите колеги, кои ги стопирале 200 метри подолу и им пишувале казни. Многу луѓе го поздравиле креативниот начин за подобрување на безбедноста во сообраќајот.

Казната за користење на мобилен телефон или уред според законите во Австралија е четири казнени поени и парочна казна од 476 долари. Според потпаролот на полицијата тој ден полицајците пишале повеќе од 40 казни. Чистачите на шофершајбни се легални само во Законот за Австралија.

Сподели на Facebook
пати видено