Никој не сака да си има работа со полицијата. Дури избегнуваме и да не стопираат за време на рутинска контрола.

Сепак 93-годишната Џози Бирдс добила лисици на рацете и била однесена во полициска станица.

Освен што е чуден фактот дека полицијата привела толку стара жена, почуден е фактот што Џози самата сакала да биде уапсена.

93-годишната бабичка и кажала на својата внука дека била „премногу добра цел живот“ и дека никогаш не била уапсена и сакала да го почувствува тоа „пред да биде премногу доцна“.

Пем Смит, внуката на Џози, ги замолила полицајците на Манчестер да дојдат и да ја уапсат нејзината баба.

„Џози не направила ништо погрешно целиот свој живот. Таа е во прилично лоша здравствена состојба и сакаше да направи нешто ‘непослушно’, додека сѐ уште има сила да ужива во тоа. Ова дефинитивно стави насмевка на нејзиното лице! Полицајците на Манчестер усреќија една стара жена.“, вели Пем која ја објавила приказната на Твитер.

Сподели на Facebook
пати видено