Полицијата во Тексас застрелала човек кој успеал да разоружа напаѓач, кој во црквата држел над 100 заложници во Амарило. 35-годишниот Џошуа Лен Џонс влегол за време на миса во во црквата Faith City Mission и извадил пиштол. Еден од присутните верници, Тони Гарсес, успеал да го разоружа Џонс, за време на борба, но кога пристигнала полицијата, тие го застрелале Тони.

„Реков, хеј го земав пиштолот. Не сакав никој да биде повреден. Тогаш бен, бенг, пукаа во мене. Паднав, а околу мене локва крв. Мислев дека ќе умрам.“, го опишува настанот Тони Гарсес. Тој вели дека полицајците му кажале да го спушти пиштолот, но тој во паника се двоумел затоа што се плашел дека ако го фрли на земја пиштолот може да пукне.

Тони бил застрелан во вратот и веднаш бил однесен во болница. Тој, како и поголем дел од присутните во црквата, се поранешни затвореници или зависници, кои го пронашле „вистинскиот пат во животот“. Гарсес кој вели дека црвата многу му помогнала, бара полицајците да имаат подобар тренинг кога се работи за употреба на „смртоносна сила“, бидејќи како што вели тој, полицаецот кој го застрелал „не знаел што прави.“

Напаѓачот Џошуа бил уапсен на местото на настанот и против него е поднесено обвинение за напад и киднапирање.

Сподели на Facebook
пати видено