Драматичните фотографии покажуваат како двајца полицајци од Англија провалиле во вжештен автомобил, во кој биле оставени две кучиња. Сопственикот на лабрадорите кои биле оставени во автомобилот на паркингот повеќе од половина час ќе биде кривично гонет.

Полицијата од Северен Јоркшир потврдила дека никој не е уапсен поради инцидентот, но дека истрагата ќе продолжи. Двајцата полицајци на местото на настанот рекле дека можеле да ја почувствуваат топлината што доаѓала од автомобилот за време на нивната спасувачка операција, бидејќи температурите во Велика Британија драстично се покачија.

Полицајците ги забележале кучињата кои биле целосно изнемоштени од топлината и биле приморани да го скршат прозорецот за да ги зивадат надвор.

Лабрадорите биле однесени на ветеринар каде им била укажана помош и остануваат во грижата на огранизација за заштита на животни.

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено