Еден Афроамериканец заврши со лисици на рацете откако полицијата го запре за „нелегално јадење“ сендвич за појадок додека чекал воз.

Инцидентот, што се случи во 8 часот наутро, предизвика контроверзии на Интернет, откако снимките се појавија на социјалните мрежи. Видеото е објавено на Фејсбук од Бил Глукман – човекот со лисици на рацете – и оттогаш привлече лути реакции.

Полицаецот кој според значката е идентификуван како Д. Мекормик вели: „Само што ти објаснив дека си притворен“, а Бил му возвраќа: „Вие ме издвоивте од сите овие луѓе“. Според законот во Калифорнија, јадењето на платформа BART е нелегално. Глукман рече дека не бил свесен за законот, но кога се обидува да го врати ранецот, службеникот повикува засилување му бара лична карта на Бил и му вели дека ќе заврши во затвор поради давање на отпор при апсење.

„Ти ќе завршиш во затвор човеку.“, вели полицаецот. Сепак, Гукман посочува дека не постојат видливи знаци каде што пишува дека јадењето е забрането, велејќи: „Немам причина да ти го дадам името. Јас не сторив ништо лошо. ‘

Подоцна во видеото, друг службеник – идентификуван на неговиот значка како Л. Валејо – пристигнува на платформата со уште тројца службени лица и му става на Глукман лисици на рацете. Тој вели на камерата: „Четири полицајци за јадење сендвич?“

Сподели на Facebook
пати видено