Жената на полицаецот била со својот љубовник, кога одеднаш нејзиниот маж се вратил порано од работа. Таа брзо го напикала љубовникот во плакарот.
Полицаецот влегол, слушнал тропање во плакарот, отворил и го видел љубовникот.
– Кој си ти бе?
– Јас сум Иван.
– Што правиш тука?
– Ги сортирам алиштата на жена ти.
– Добро! – Рекол полицаецот.
Другиот ден тој им го раскажал интересениот случај на своите колеги.
– Ти си будала! Тој Иван сигурно е љубовник на жена ти! Зошто не го претепа?
– Така ли? – Се налутил полицаецот и по неколку дена пак се вратил ненадејно од работа.
Го отворил плакарот, а таму стоел скриен друг маж.
– Ти пак кој си?
– Јас сум Стојан…
– Што правиш тука?
– Ги сортирам алиштата на жена ти.
– Ааа, добро. Кажи му на твојот колега Иван дека ако го фатам коските ќе му ги искршам.

Сподели на Facebook
пати видено