Доцна во ноќта влегува полицаец во станицата, гол како пиштол. Командирот го здогледува и го прашува што се случило, а полицаецот почнува да раскажува:
– Бев на една журка. Се си беше нормално, кога едно време една поднапиена девојка станува и вели „Ајде сега сите девојки да се соблечат!“ И сите навистина се соблекоа. Потоа таа вели „Ајде сега и сите машки да се соблечат!“ Гледам јас сите се соблекуваат, се соблеков и јас. Потоа таа пак вели „Изгаснете го светлото!“ И некој го изгасна. И на крај девојката вели „А сега, сите мажи на работа!“ И јас дојдов.

Сподели на Facebook
пати видено