Полицискиот оддел на Сан Антонио, САД, отпуштил полицаец затоа што наводно се обидел да нахрани бездомник со сендвич со фекалии. Според локалните медиуми, полицаецот ставил фекалија меѓу две парчиња леб и му го дал на бездомникот. Кога Градскиот Совет дознал што се случило, веднаш била започната процедура за негово отпуштање.

pl01

Мајк Хел, претседател на Полициското здружение на Сан Антонио потврдил дека случајот се истражува и изјавил дека полицаецот добил адвокат. Веројатно е дека полицаецот ќе покрене жалба во обид да си ја поврати работата.

„Отпуштањето на овој полицаец е правилна постапка“, изјавила градоначалничката Ајви Тејлор. „Неговото недело е предавство кон вредностите кои ги негуваме во нашата заедница и тој не ја претставува нашата одлична полиција.“

pl02

Други членови на советот исто така изреагирале со гнев – советникот Џо Кирер го нарекол инцидентот „достоен за осуда“ и ја потврдил пофалбата на градоначалничката за полицајците во одделот.

„Имаме многу малку расипани јаболка во буре полно со одлични полицајци“, изјавил тој. „Наша задача е да ги извадиме лошите јаболка од бурето, најбргу што е можно откако ќе направат лоши нешта.“

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено