Кога сијамските близначки Руби и Роузи биле во матката, лекарите биле толку сигурни дека нема да преживеат што подготовките за породувањето биле направени во последниот момент.

И драмата на нивното раѓање со царски рез била удвоена кога биле однесени во друга болница на итна операција, а нивната очајна мајка која сѐ уште не се опоравила морала да оди во Лондон за да биде заедно со нив. За среќа 7 години подоцна семејството е целосно среќно и здраво.

На Анџела и Даниел Формоза им било речено да се подготват за најлошото, па дури и да размислат за абортус, бидејќи шансите сијамските близначки да преживеат биле премногу мали.

„Бевме исплашени, но абортусот никогаш не беше опција за мене. Едноставно не можев да го сторам тоа … и гледам дека донесов правилна одлука.“, вели Анџела.

Руби и Рози биле родени споени заедно со стомакот. По неколку часови од нивното раѓање, тие имале операција во болницата „Ормонд Стрит“ за да ја расчистат цревна блокада и да ги разделат. Операцијата траела 5 часа и по неколку недели тие биле однесени дома.

Анџела и Даниел имаат уште една 11-годишна ќерка Лили. Тие велат дека девојчињата си ги довршуваат речениците, имаат исти оцени на училиште и и двете сакаат да станат доктори. Половина од сијамските близнаци се раѓаат мртви, а 35% живеат само еден ден.

Сподели на Facebook
пати видено