„Боговите ги наследуваат квалитетите на верниците“, напиша Станислав Ежи Лец во книгата „Неуредни мисли“. Решивме да ја развиеме оваа идеја.

Резултатот беше нов пантеон на божества кои ќе ве разберат како никој друг, затоа што во секој од нив ќе препознаете сосед, пријател или себе си.

Разочарис – бог на наивност и разочарување

Ако сте љубител на одење на гребло, тогаш мора постојано да се повикувате на овој вечен страдалник.

Штомикупи – мал досаден бог

Инфериорно непослушно божество кое бара по торбите веднаш штом ќе се вратите од продавница. Сака да работи во тим. Бара подароци во форма на бонбони, колачиња и други слатки.

Мамодај – врховен бог

Мамодај е еволуирана верзија на Штомикупи. Тој не користи прашална форма. Бара од жртвите да му се покоруваат несразмерно на платата која ја имаат.

Отупеј – канцелариски бог

Ова божество се појавува на крајот на работниот ден и често на ручек. Со себе носи досада и дремливост. Постои верзија дека Отупеј му ги жртвува туѓите работни капацитети на врховниот богови на мрзливост, чие име не сакаме да го наведеме.

Ќенисенајде – бог на непотребното

Оваа божество ве тера да ги собирате сите можни работи кои ви се непотребни, но почнувате да верувате дека можеби за 20 години и ќе ви затребаат.

Знамсе – божица на железни аргументи

Се повикува кога треба да се стави крај на непријатен разговор или аргумент, особено ако не сте во право.

Идивиди – божица на љубопитност и светска мудрост

Најљубопитната божица во целиот пантеон. Легендата вели дека доколку го допрете нејзиниот показалец ќе можете да излезете од зградата без да ве забележат љубопитните баби.

Калории – малите самовили од плакарот

Овие божества се кројачи кои тивко ја шијат вашата облека додека виси во плакарот. Се верува дека ако најдете најмалку една калорија меѓу вашите закачалки, подобро е да ја продадете или запалите куќата, бидејќи е многу тешко да се ослободите од оваа мака.

Напрви – бог на дволичноста

Овој бог ги тера своите поданици да ја потрошат платата на непотребни работи веднаш штом ќе ја земат и да преживуваат до крајот на месецот. Најчесто ова божество тера на позајмици и ги „враќа“ од први на први од месецот.

Шлакадам – бог на гневот

Богот на гневот бргу се одмаздува и не размислува за последиците. Познат по поразот на неговиот помлад брат – Мамодај. Останатите богови веруваат дека причината за карактерот на конфликтот е преодната ера на младиот бог и дека по неколку милениуми сè ќе се реши.

Седидома – божица на љубомората

Убавата божица на љубомората. Прикажана е со сукало во рацете. Сукалото според научниците, ја пренесува променливата природа на божицата. Нејзиниот поранешен сопруг Локај сфатил дека секогаш кога имала сукало во рацете тоа не било знак дека ќе прави баница.

Локај – бог на виното и славењето

Бог на виното и шармот*. Се тресе и ја става главата во песок што ќе го слушне гласот на Седидома.

*Според самиот Локај

Сподели на Facebook
пати видено