Многу од нас сонуваат за викендичка покрај морето, место каде што можеме да одмараме во долгите сончеви денови, додека воспоставуваме врска со природата. Од „Anti Reality“ го спојуваат концептот на архтектурата и уметноста и креираат викендички кои секој би ги посакал.

„Нашата цел беше да создадеме обратна верзија на покрив, која може да се адаптира како базен. Кровната конструкција е поддржана од 3 јадра, две од нив се кујната и бањата, и ова е местото каде што планирав да се прилагодат цевките за вода. Можеби изгледа многу идеалистичко, но постои логика зад концептот.“, велат од „Anti Reality“.

Погледнете го нивниот детален план за викендичката со базен на покривот, а потоа и останатите нивни дизајни, за кои што се наеваме дека наскоро некој амбициозен инженер ќе се осмели да ги реализира.

Сподели на Facebook
пати видено