Последните пет месеци поранешниот маринец Гери Сајзер го пробивал својот пат низ Апалачиската патека – планинарска патека во источниот дел на САД во должина од 3500 километри и која минува низ државите: Џорџија, Северна Каролина, Тенеси, Вирџинија, Западна Вирџинија, Мериленд, Пенсилванија, Њу Џерси, Њујорк, Конектикат, Масачусетс, Вермонт и Њу Хемпшир. Поголемиот дел од патеката е недопрена дивина, иако дел од неа минува низ градови и локални патишта. Неделава Сајзер ги објави неговите фотографии на интернет од пред неговото поаѓање и по завршувањето на патот. Фотографиите дури не изгледаат како да се од еден ист човек.

sizer01

Тој вели дека за време на патувањето согорувал меѓу 5000 и 6000 калории дневно, иако за време на истото постојано јадел, а најмногу се честел кога одмарал, јадејќи сѐ што ќе му дошло при раце.

Сподели на Facebook
пати видено