Коефициентот на интелигенција (IQ) се дефинира како резултат кој произлегува од неколку групи на тестови за испитување на човековата интелигенција. Дали се пренесува генетски и е фиксен во текот на целиот живот? Или пак треба да вежбаме за да бидеме попаметни? Секако не можеме да се потпреме само на бројки кои би требало да ги прикажат сите аспекти на интелигенцијата. Со оглед на тоа дека вежбањето во теретана физички го подбрува вашето тело, логично е и одредени мозочни вежби да влијаат кон подобрување на коефициентот на интелигенција. Еве неколку начини како да му поставите ментален предизвик на вашиот IQ.

1.Запишувајте ги мислите

Чкртањето е одличен начин да го одблокирате вашиот ум. Исто така може да ви помогне да ги решите проблемите, да размислувате логично и да останете сконцентрирани. Запишувањето на вашите мисли и теории е забавен начин за ментална вежба.

2.Фокусирајте се на дишењето

Преку дишењето ја контролирате свеста и под-свесниот ум. Мозокот секогаш е во работна состојба, фокусирањето на правилно дишење ќе му овозможи малку тишина за да може да се одмори. Медитацијата е одличен начин за да допрете до себе и вашиот ум, со што може да дојде до подобрување на вашиот IQ.

3.Играјте умстевни игри и загатки

Игри со натпреварувачки карактер како Судоку или  крстозбор ќе ви помогнат да ги подбрите вашите когнитивни вештини, особено стратешкото размислување. Играњето шах или пасијанс помагаат во развивањето на мемориските ќелии. Умствените игри дејствуваат на одредени делови на менталните функции и помагаат во подбрување на работната меморија, извршните функции и брзината на работа на една личност.

4.Изгладнете го умот

Ова можеби делува како контра ефект, но изгладнувањето на мозокот може да биде ефикасен начин за да го изострите на подолг временски период. Истражувачите докажале дека при отсуство на храна телото повеќе се труди да се врати во форма и да ја избегне неудобноста. Истото важи и за вашиот мозок.

5.Постојано предизвикувајте го мозокот

Доколку сте заглавиле во монотонија и рутина, тогаш е време да направите нови предизвици за умот. Со учењето на нови вештини ќе процесирате нови информации и максимално ќе ги користите менталните капацитети. Ова ќе помогне запоставените делови од мозокот повторно да се активираат, со што ќе расте и коефициентот на интелигенција.

6.Не се потпирајте на машините

Денес сите премногу зависиме од компјутерите. За да ја подобриме логиката треба да намалиме со употреба на овие направи. Со вршењето на ментална математика е лесен начин за да се подобрат менталните способности.

7.Научете да свирите на музички инструмент

Ова е долгорочна инвестиција за менталните ресурси. Свирењето  инструмент бара координација меѓу двете рацете и други сетилни органи. Ова може значително да ги подобри вашите когнитивни и моторни вештини. Многу истражувања покажале дека децата кои што свират инструменти од рана возраст имаат поголем коефициент на интелигенција.

8.Вклучете се во физички активности

Редовното вежбање може да има позитивно влијание за целокупното здравје. Вежбањето помага и во лечење на ментални болести како што се депресијата, анксиозност и сл. Активностите како возење велосипед, трчање и други слични спортови ќе го релаксираат вашиот ум и ќе ви ја подобрат меморијата.

9.Поврзете ги идеите

Иако може да биде тешко, обидете се новите идеи да ги поврзете со некое ваше знаење од претходно. Можете да формирате мапа во вашите мисли каде што секоја нова информација ќе се вклопи во претходната.

Се надеваме дека со вклучување на сите овие начини во вашето секојдневие, ќе успеете да го подбрите коефициентот на интелигенција и да ги остварите амбициите.

Сподели на Facebook
пати видено