Поранешен научник на НАСА групирал податоци за тоа како климатските услови се менувале на планетата во последните неколку децении. Екстремните температури се само дел од ефектите предизвикани од климатските промени.

Илон Маск пред неколку недели објави на Твитер дека нема потреба да се потпираме на научниците за глобалното затоплување туку треба само да ги погледнеме термометрите. Иако климатските промени се покомплицирани од едноставно зголемување на температурата, изјавата на Маск е прилично точна. Летата во целиот свет се потопли од кога и да е, а екстремните температури се сè почести.

Со помош на колегите од Универзитетот Колумбија, Џејмс Хансен, поранешен климатски научник на НАСА, направи компилација од податоци, собрани во период од неколку децении, а потоа ги стави во графикони и табели кои ја покажуваат промената на глобалните температури. Според податоците на Хансен, 15% од летата помеѓу 2005 и 2015 година спаѓаат во категоријата „екстремно жешки“, а додека од 1951-1980 година летата спаѓаат во „жешки“, движејќи се од 33% до 66%.

Тод Санфорд, директор на Климатска централа изјавил за „Њујорк тајмс“ дека наодите „ навистина ги нагласуваат промените во просек иако тие изгледаат скромни, имаат големи импликации за екстемните температури. И тоа е она што ќе влијае на општеството и на екосистемите.“ Тој исто така, тврди дека овој тренд на „напредок“ обезбедува „увид во нашата иднина.“

Зголемувањето на високите температури е еден од многуте аспекти на климатските промени. Непредвидливите временски феномени, загадувањето и екосистемските промени поради други манифестации од истата причина резултираа со милиони смртни случаи ширум светот. Во последниве години, зголемените нивоа на азот направија плажите на Флорида да бидат преплавени со отровни алги, кои ги убиваа животните и ги разболеа луѓето, а тропските бури, урагани и тајфуни уништија домови и животи.

Сепак, во последниве неколку години се забележува промена на начинот на кој гледаме на климатските промени. Додека 2000-тите беа обележани со недоверба во статистиката и скептицизам во однос на вистинскиот степен на проблемот, во 2010-та година, се повеќе луѓе го поставуваа прашањето: „Што можеме да сториме?“

Како одговор на ова прашање е креиран Парискиот договор, многу земји ветија посветеност да бидат јаглерод-неутрални пред 2050 година, а автомобилската индустрија да се сврти кон електричните возила. Иако ситуацијата е очајна, сите овие иницијативи (заедно со многу други) можат да ни помогнат да ја поправиме штетата која самите ја нанесовме на планетата.

Сподели на Facebook
пати видено