Научниците го следат Вашиот паметен телефон и знаат колку сте мрзеливи. Благодарение на малку „подмолните“ истражувања од Универзитетот Стенфорд, сега знаеме во кои земји луѓето пешачат повеќе а во кои помалку. Тимот користел апликација за фитнес/активност „Argus“ која се користи низ целиот свет.

Тие комбинирале вкупно 68 милиони дена физичка активност за скоро 720.000 анонимни корисници од 46 клучни земји во период од три месеци, во суштина тимот го составил просечниот број чекори кои луѓето ги прават секој ден. Оние со повисоки бројки биле поактивни а на другиот крај на скалата биле оние кои биле најмалку активни. Според тоа ги претставиле најактивните нации на Земјата, рангирани според просечните дневни чекори од личност.

Најактивни:

1 – Кина [6,289]

2 – Јапонија [6,010]

3 – Шпанија [5,936]

4 – Велика Британија [5,444]

5 – САД [4,774]

Најмалку активни:

1 – Индонезија [3,513]

2 – Саудиска Арабија [3,807]

3 – Малезија [3,963]

4 – Филипини [4,008]

5 – Јужна Африка [4,105]

Не изненадува фактот дека во градовите каде што има подобри услови за пешачење, активностите се повисоки за разлика од другите градови. Иако ова истражување не е доволно темелно, сепак нуди интересен поглед кон физичката активност на нациите.

Сподели на Facebook
пати видено