До околу четиринаесеттиот век луѓето верувале дека Земјата е рамна и ако пловите предалеку, можете да паднете преку работ. Векови оттогаш, денес луѓето кои се познати под прекарот „рамноземци“(flat earthers) веруваат во горе-долу истата теорија. Сега тие одат и чекор подалеку, при што еден нивен член – кој веројатно премногу го гледал филмот „Под куполата“ – верува дека ние сме затворени под џиновска стаклена купола.

Огромната стаклена купола нѐ спречува да ја напуштием Земјата. Наводната купола е доволно висока за авионите да можат да летаат, но кога на пример јуни ракетата SpaceX Falcon 9 експлодираше во воздухот, овие луѓе почнаа да тврдат дека ракетата се судрила со невидливата купола. Куполата исто така нѐ спречува и да паднеме од работ на Земјата.

fe01

Секое видео на НАСА во врска со Меѓународната вселенска станица привлекува илјадници коментари на Јутјуб од страна на членовите на заедницата на луѓе кои веруваат дека Земјата е рамна. Според нив, НАСА употребува компјутерска манипулација за да ги создаде тие слики на Земјата гледана од вселената. Или едноставно кажано, според нив, сето тоа е лажно. Меѓународната вселенска станица? Тоа не постои. Роверот Кјуриозити? Некое таму возило коешто се влечка наоколу во некоја црвеникава пустина на Земјата, а не неверојатно возило коешто го проучува составот на Марс. „Рамноземците“ не можат да обезбедат издржани докази за своите теории, но затоа често прибегнуваат кон навреди.

fe02

Иронично, веб страницата на којашто е постирана теоријата за куполата е создадена од човек кој се обидувал да ја побие теоријата дека Земјата е рамна, но кој и самиот се фатил во тоа лудило.

Марк Сарџент е специјалист по информатика од Боулдер, Колорадо, САД, и во 2014 година тој почнал да се интересира за, според негови зборови, „нешто што без сомнеж е најсмешната теорија на заговор – теоријата за рамна Земја“. Но, откако Сарџент направил „темелно истражување“, наводно се преобратил и сега целосно ја поддржува контроверзната теорија.

На почетокот на годинава, Сарџент објавил серија клипови на Јујуб наречени „Показатели за рамна Земја“, поставувајќи го прашањето: „Дали е возможно дека сите ние живееме во затворена структура како во Шоуто на Труман, која се простира илјадници милји?“

fe03

Сарџент теоретизира дека кога луѓето за првпат се обиделе да летаат во вселената, ја откриле куполата и сметале дека е неопходно тоа да се скрие од јавноста, што оттогаш се прави со помош на примена на неверојатни фотографски ефекти, лажирајќи го слетувањето на месечината и така натаму.

Ерик Дубеј е друг „рамноземец“ кој ја води веб страницата „Атлантидскиот заговор“. Триесет и тригодишниот Дубеј наводно се стреми кон тоа да го „разоткрие и разобличи Новиот Светски Поредок“, велејќи дека цел живот сме лажени.

„Не учеа, спротивно на нашиот здрав разум и искуство, дека неподвижната земја под нашите нозе всушност е огромна подвижна топка која што се врти во вселената со брзина од преку 1000 милји на час…но тоа воошто е го чувстувате.“

fe04

Дубеј е инструктор по јога и Винг Чун кој живее во Тајланд, кој обрнува посебно внимание на „мистериозната сила“ наречена гравитација, којашто спречува сѐ на земјината топка да падне или да одлета од неа. Имено, овој рамноземец смета дека е чудно тоа што гравитацијата е доволно силна да ги држи луѓето, океаните и атмосферата цврсто залепени за Земјата, а сепак да е „доволно слаба да им овозможи на бубачките, птиците и авионите да полетуваат со леснотија.“

Па, читатели, што мислите вие, дали навистина живееме под стаклена купола која ја покрива Земјата, којашто не е никаква топка како што нѐ лажат цело време, туку е рамна плоча?

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено