На повеќе од 50 овци и свињи им се имплантирани хибриди од човечко-животински ембриони со цел потоа да се развијат во целосно функционални човечки срца, црни дробови и други витални органи. Иако оваа технологија допрва треба да се примени во целиот свет, бидејќи допрва претстои легализирање на овој начин на донирање на органи во Велика Британија.

Експериментот се потпира на најмодерен спој технологии, вклучително и последните пробиви со матичните клетки и техниките на менување на гените. Со модификувањето на гените, научниците сега можат да ја изменат ДНК-та во ембрионот на свиња или овца, за тие генетички да бидат способни за формирање на определено ткиво. Потоа, со додавање на матични клетки од човек, се надеваат човечките клетки ќе ја превземат работата во формирањето на органот кој недостасува, кој потоа се вади од животното и се употребува за трансплантација.

zv01

Даниел Гери, кардиолог кој го предводи проектот, вели: „Можеме да направиме животно без срце. Досега сме проектирале свињи без скелетни мускули и крвни садови.“

Американското истражување било спроведено во Националните институти за здравје во Мериленд.

zv02

Сподели на Facebook
пати видено