Не е важна победата, важно е да се учествува, освен ако веќе не сте ја прославиле победата и таа ви избега пред очи. Во последно време спортистите почнаа почесто да слават предвреме, како на пример атлетичарот кој можете да го видите тука. Но, овој пат на „мегдан“ се најде една велосипедистка.

Луси Кенеди, 30-годишна велосипедистка од Австралија учествувала во Женската светска турнеја и од преголема желба да победи самата се разочара и се посрамоти пред сите. Неколку сантиметри пред крајот на трката во Пједикавало, Италија.

За жал, за Кенеди, победата ѝ ја „зема“ холандската велосипедистка Маријана Вос. Едно е сигурно, Луси си ја научи лекцијата и наредниот пат нема да дозволи да попушти при самиот крај за да си прослави.

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.

Сподели на Facebook
пати видено