Во последно време идејата за воскреснувањето и бесмртноста станува популарна дури и во научните средини. Еден таков пример е „космичката“ хипотеза на проф. Роберт Ланца. Неговото име се појавува во научната публикација „Анали на физиката“, во која кажува дека времето постои само во нашите глави. Проф. Ланца е познат по теоријата за биоцентризмот и паралелните вселени, во кои животот не завршува со смртта на телото. Таа теорија е изложена во неговата книга „Биоцентризам: живот и свест – клучови кон разбирање на вистинската природа на универзумот“, која се појави пред неколку години. Во неа тој објаснува дека животот продолжува вечно, макар и на друго место.

bg

Денес тој сѐ уште го нема изменето своето мислење, а покрај тоа тој се здобил и со нови приврзаници, вклучително и меѓу своите колеги.

Вон времето и пространството

Роберт Панца е професор на универзитетот Вејк Форест, и е специјалист по регенеративна медицина, како и научен раководител на компанијта Адвансд Сел Технолоџи. Пред тоа бил познат по истражувањата во областа на матичните клетки, но има и неколку успешни експерименти во поглед на клонирањето на исчезнати видови животни. Пред неколку години научникот се заинтересирал за физиката, квантната механика и астрофизиката, од што се изродила неговата теорија за т.н. биоцентризам.

Според теоријата за биоцентризмот, смрт нема. Таа е илузија која се раѓа во свеста на луѓето. Таа илузија се појавува затоа што луѓето се поистоветуваат со своето тело и знаат дека тоа порано или подоцна ќе умра, па според тоа, тие сметаат дека ќе умрат заедно со него. Но, свеста всушност постои надвор од времето и пространството, тврди Ланца. Таа е способна да се наоѓа насекаде – во човечкото тело и надвор од него, што се совпаѓа и со гледиштата на квантната механика, според кои една честичка може да се наоѓа на две места истовремено, т.н. суперпозиција.

Ланца верува дека постојат повеќе вселени, во кои се реализираат сите веројатни варијанти на развојот на собитијата. Во една вселена телото умира, а во друга – тоа продолжува да живее, превземајќи ја свеста која по смртта преминала во таа вселена. Со други зборови, минувајќи низ тунелот, човекот нема да се најде ниту во рајот, ниту во пеколот, туку во друг свет. И така – до бескрајност.

„Свеста е како енергија“ – тврди професорот. „Таа не исчезнува и не може да биде уништена.“

Некои пак сосема крајни биоцентристи тврдат дека всушност и нема материјален свет, туку само негов виртуелен одраз генериран од свеста. Ланца има поумерени гледишта и верува во реалноста, но ја смета за процес кој изискува учество на свеста.

Паралелно на нас

Оваа надежна, но доста спорна теорија на Ланца, има доста свои приврзаници – не само обични смртници кои би сакале да живеат вечно, туку и познати научници,физичари и астрофизичари кои размислуваат на темата за паралелните светови. Мултиверс (мултивселена) – така се нарекува научниот концепт според кој всушност не постојат физички закони кои би го забранувале постоењето на други вселени. Првите размисли за паралелните светови ги искажува Хербер Велс во својот расказ „Врата во ѕидот“ (1895). Шеесет и две години подоцна неговата идеја ја развива Хју Еверет, како дисертација на Принстонскиот универзитет. Според оваа теорија, вселената во секој одделен миг се раздвојува на бескрајно количество свои копии. Веќе во следниот миг тие новородени вселени се развојуваат на истиот начин. Во еден од тие светови вие ја читате оваа статија. Во исто време во друг таков свет вие се возите во такси, во некој трет свет патувате околу светот итн.

„Како поттик за размножувањето на световите служат нашите постапки“ – објаснува Еверет. „Треба само да направиме даден избор и со едно трепнување на окото од една вселена се добиваат две, со две различни варијанти на судбината.“

Во текот на 80-тите години на ХХ век Андреј Линде (професор по физика на Стедфорскиот универзитет и бивш соработник на рускиот институт за физика „Лебедев“) ја развива теоријата за повеќекратните светови.

„Космосот“ – раскажува Линде – „се состои од многу меури кои создаваат други исти такви меури, а тие потоа создаваат свои меури во уште поголеми количества и така до бескрајност. Тие се распрснати во пространството и не го чувствуваат взаемното присуство. Но, тие се дел од еден и ист физички свет.“

Вселенски компјуер

Во постоењето на вечна душа не се сомнева ниту проф. Стјуарт Хамероф од одделот за анестезиологија и психологија на Универзитетот на Аризона. Пред извесно време тој изјави дека открил докази дека душата на човекот не исчезнува по неговата смрт. Според проф. Хамеров, човечкиот мозок е совршен квантен компјутер, а душата или свеста се информации натрупани на квантно ниво. Тие информации не можат да бидат уништени, туку само пренесени. Анестезиологот смета дека кога телото ќе умре, квантната информација на свеста се слева со нашата вселена и таму таа постои бескрајно.

Сет Лојд пак, професор на Технолошкиот универзитет на Масачусетс, претпоставува дека вселената е всушност нечиј компјутер. Во тој случај, смета тој, сѐ внатре, вклучително и ние, е едел од тој компјутерски процес, или пак негов производ. Што значи дека некаде би требало да има и програмер т.е. – Бог. А можно ли е воопшто и да нема некаков компјутер и сето ова да постои само во свеста на Творецот, а не во нашата свест?

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено