61-годишниот Давид Ли Едс, бил баран од страна на полицијата за убиство со нож од 1976, во округот Харис, Тексас. Случајот бил повторно отворен во 2014, кога неговата ДНК го поврзала со местото на злосторството.

Тој кампувал во шума, покрај Мисисипи и бил фатен откако некои луѓе го забележале неговиот автомобил во близина на местото каде што тој го поставил неговиот шатор. Давид заминал во дивината со цел да ја избегне казната што му следува. Тој не давал отпор при апсењето, но полицајците имале многу внимателен пристап, затоа што се сметал за вооружан и опасен.

Неговата наводна жртва бил 28-годишниот Рене Антони Гилоте, кој бил пронајден мртов на приватно нафтено поле, гол и со рани од нож, на неговата глава, врат и торзо, на 11ти мај, 1976 година. Кога единицата за стари случаи повторно го отворила случајот повторно ги разгледале ДНК доказите и заклучиле дека Давид во тој период живеел во близина на местото на злосторството.

На почетокот на годината властите го испрашале Давид, но тој тврдел дека не ја познава жртвата и дека не знаел за неговата смрт. Но тој не можел да и одговори на полицијата како неговата ДНК се нашла таму.

Полицијата верува дека тој се засолнил во дивината на Мисисипи затоа што во близина имал роднини. Давид има долго криминално досие поврзани со кражби, дрога, алкохол, како и уште еден напад со ладно оружје врз човек, само една година по убиството на Рене.

Сподели на Facebook
пати видено