Фелисити Плев била дијагностицирана со агресивна форма на рак на мозокот неколку дена по раѓањето на нејзиниот син, Џеси. 32-годишната мајка на 5 деца има глиобластом во четврта фаза и сега нејзиното семејство и пријателите собираат донации за ги покријат лекарските трошоци и да се обидат да ја спасат Фелисити.

Фелисити пред да се породи почнала да забележува дека нешто не е во ред, имала страшни главоболки, се борела со гестациски дијабетес и ги мешала зборовите кога зборувала. Откако го родила нејзиното бебе, таа веднаш била подготвена за неврохирургија со цел да се обидат да го отстранат туморот.

Нејзиниот син Џеси се наоѓа во одделението за посебна грижа и таму ќе остане неколку недели. Туморот бил голем скоро 7 сантиметри. Лекарите успеале да отстранат 80% од туморот, а останатите 20% не можат да се извадат затоа што тоа би влијаело врз моторните функции на Фелисити.

Таа ќе започне терапија со зрачење и хемотерапија во следните неколку недели. За да бидат поблиску до нивната мајка останатите четири деца, Александар, осум, Грејси, шест, четири Софија, Чарли две години престојуваат во камп приколка со нивниот татко во парк, во близина на болницата, поради тоа што нивниот дом се наоѓа на другата страна од државата.

Досега е соберена хуманитарна помош во износ од 46.000 долари, кои ќе се искористат за лекување на семејството на Фелисити и за храна и сместување на нејзините деца.

Сподели на Facebook
пати видено