Најновиот козметички тренд кој ги погоди Филипините е процедурата за вагинално осветлување наречена „избелување на ангели“. Постапката која чини 800 евра се нуди во клиниките на Бело Медицинска Група, под раководство на познатиот козметички хирург Вики Бело. За разлика од Филипините во Тајланд е популарна процедурата за избелување на машкоста.

Само на лиценцирани лекари им е дозволено да извршат третман, кој користи ласерска технологија и трае најмногу 30 минути, според извештаите на локалните медиуми. И според телевизиски извештај за третманот, се вели дека не само што ги бели, туку ги „затегнува, чисти и релаксира“ вагините.

Тоа не е единствениот третман за вагината што се нуди на клиниката на г-ѓа Бело. Постапката за затегнување наречена FemiLift е достапна за жени кои сакаат „повторно да се чувствуваат како девици“, според г-ѓа Бело.

„Пред избелувањето во мода беше лифтингот, потоа белењето на пазувите, а сега сме сведоци на тоа дека жените се грижат за себе и за тоа како изгледаат работите ‘подолу’“, вели Бело.

Сподели на Facebook
пати видено