Скот и Марк Кели се идентични браќа близнаци. Тие исто така се и поранешни астронаути. Скот помина една година во Меѓународната вселенска станица, додека Марк беше тука на Земјата. „Студијата близнак“, како што беше наречена, беше обид да им се помогне на научниците да ги разберат ефектите од поминатото време во вселената. НАСА веќе има претстава за тоа што се случува со телото по шест месеци на ISS. Но ефектите по една година се далеку поважни ако на крајот ги испратиме луѓето на Марс и пошироко.

Иако Скот Кели се врати на Земјата во март 2016 година, научниците сè уште ги анализираат податоците за да ги разберат ефектите врз неговото тело и ум. Сега во 2018, НАСА ги објави своите наоди, откривајќи дека Скот се вратил безбедно, но нешто во врска со неговите гени се променило.

НАСА ги мерела метаболитите, цитокините и протеините на Скот пред, за време и по неговата мисија. Истражувачите дознале дека летањето во вселената е поврзано со стрес од лишување на кислород, зголемено воспаление и драматични промени во хранливите материи кои влијаат врз генската експресија.

Освен тоа, теломерите на Скот (краевите на хромозоми кои се скратуваат како луѓето стареат) станале подолги додека бил во вселената, но се скратиле повторно во рок од 48 часа откако Скот што се вратил на Земјата. Можеби најинтересното откритие е промена на гените на Скот. 93 проценти останале непроменети по престој во вселената, но останатите 7 проценти, познати како „вселенски гени“, биле изразени поинаку.

Овие промени може да имаат долготрајни ефекти врз имунолошкиот систем, измена на ДНК, мрежи за формирање коски, хипоксија (недостаток на кислород во ткивото) и хиперкапнија (изобилство на јаглерод диоксид во крвотокот). 7 проценти би можеле да звучат безначајно, но всушност тие се сведуваат на неколку стотици гени.

Очекувајте повеќе наоди од „Студијата близнаци“ во блиска иднина, почнувајќи со интегрирано резиме кое НАСА ќе го објави во текот на оваа година. НАСА вели дека „оваа година ќе бидат објавени и низа помали документи групирани од сродни истражувачки области“.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено