Можете да прашате било кој светски патник и секој ќе ви каже дека посетата на Индија е едно неверојатно искуство. Тоа е земја на чудни јадења, зачини, историја и култура.

Сега има уште поголема причина да сакате да ја посетите оваа земја, а тоа е статуата на орелот која води до стар мит, создадена од познатиот режисер Раџив Анхал.

Се наоѓа во близина на Керала, и за да биде целосно звршена биле потребни цели 10 години. Птицата е посветена на познатиот еп Рамајана. Епот Рамајана, напишан на санскрит, раскажува приказна за огромен орел на Рамајана кој паднал додека се борел против Равана, за да ја спаси хинду божицата Сита.

Моментално ова е најголемата статуа на птица во светот, со височина од 60 метри, поставена на карпи со височина од 300 метри. Освен статуата во околината има и музеј и одморалиште, а за авантуристите има и качување по карпи.

Сподели на Facebook
пати видено