Здраво на сите! Ви благодарам што одвоивте време да го прочитате ова. Се викам Али Доддл и живеам во Мемфис, Тесени. Имам осумнаесет години и учам во локално приватно средно училиште каде што одржувам одличен успех уште од 9-то одделение и посетував пет напредни курсови. Моето образование отсекогаш ми било крајно важно и токму затоа сакам да ја споделам мојата приказна.

al

Пред една година им кажав на моите родители дека почнав да се забавувам со момче кое се вика Мајкл, на сликата погоре со мене. Сакајќи да им споделам на родителите, им ја покажав неговата слика, и разговорот заврши пред воопшто да започне. Татко ми не ми даде никаква опција: ми нареди никогаш повеќе да не се видам со Мајкл. А зошто? Само поради неговата боја на кожата. И тоа не беше некое тивко „не“. Никогаш нема да го заборавам викањето на моите родители, кога изразија колку сум ги разочарала, дека можам и многу подобро. Не знаев што да правам. Не можев да разберам како некој може да биде гледан како нешто помалку само врз основа на пигмент. И сѐ уште не можам да го разберам тоа, и никогаш нема ни да можам.

пар2

Мајкл и јас продолживме да се гледаме, но тајно. Во текот на минатата година многу се борев да ги натерам моите родители да почнат да гледаат на Мајкл како човечко суштество наместо некој кој е Афроамериканец. Се залагав најдобро што можев. Најпосле, пред еден месец, јас и Мајкл им пристапивме на нашите родители, но нивниот одговор беше подрастичен од сѐ што можев да очекувам. Бидејќи имам осумнаесет години, моите родители решија повеќе да не ја финансираат мојата иднина, лишувајќи ме од сите ресурси, вклучително и моите лични заштеди, мојата кола, мојот телефон и моето образование, оставајќи ме самата да си платам за колеџ. За жал, веќе нема да можам да одам на факултет ако некако не најдам пари. Моите родители исто така се јавиле во училиште обидувајќи се да ме отстранат од сите организации во кои учествувам, како „Коегзистирајте“ и „Соочување со историјата и со нас самите“, клубови кои во основа поттикнуваат еднакво вреднување и однесување кон луѓето.

пар3

Аплицирав и добив некои стипендии преку грантови, заеми и сл. но ми требаат најмалку 10 000 долари да ја покријам мојата школарина која ја плаќам од џеб, најдоцна до 1 мај. Аплицирав за стипендии и се обидов да најдам работа, но сѐ уште живеам под покривот на моите родители бидејќи немам каде да живеам на друго место, а татко ми стори сѐ што е во негова моќ за да ми го отежне животот. Не можам да најдам работа бидејќи немам постојан превоз.

И сето ова бидејќи сакам друго човечко суштество, како што и ме научија да го правам. Како може мојата љубов кон друга личност да биде погрешна само поради бојата на неговата кожа? И зошто тоа би ме направило недостојна за иднината за која толку напорно работев? Бидејќи моите родители сметаат дека јас, нивната ќерка, не сум достојна за нивното време и пари, се обраќам до јавноста за поддршка. Ме боли тоа што морам да барам пари, бидејќи радо би ги заработила самата, но во овој миг немам друга опција. Дури и најмалиот износ помага, не можам да ви изразам со зборови колку ми значат вашето време и пари. Ве убедувам дека правам сѐ за да можам да си ја обезбедам иднината, но нештата дојдоа до точка кога морам да замолам за помош.

Повторно, благодарам многу за вашата поддршка.

Вака Али успеа на интернет да собере не 10.000 долари, колку што бараше, туку 30.000 долари за својата школарина.

пар

Сподели на Facebook
пати видено