Брокерска фирма одлучува да назначи нов шеф, кој ќе воведе ред и ќе го разниша застарениот систем на работење. Назначуваат млада плавуша и и дозволуваат да отпушта на лице место.
Плавушата тргнува по канцелариите и уште во првата канцеларија гледа маж што стои и се потпира на вратата. Со два скока веќе е кај него:
– Ти, да ти… колку пари заработуваш месечно?
– 200 евра, зошто? Плавушата вади од џебот 200 евра.
– Еве ти ја месечната плата… исчезнувај… и да не сум те видела повеќе во канцеларијата!
Плавушата со чувство на гордост по првото отпуштање им се обраќа самоуверено на сите во канцеларијата, кои веќе онемеле тотално.
– Ова нека ви биде лекција! – И потоа брзо избира една бринета и и вели:
– Од денес, ти ќе ги извршуваш неговите обврски! Јасна ли сум?
Бринета некако наоѓа сили и и вели:
– Но… јас, немам поим… од разнесување на пици.

Сподели на Facebook
пати видено