Луис Кан е 54-годишен менаџер живее заедно со своето семејство во предградие во Сиднеј, Австралија и иако оваа држава е позната по чудните животни кои без „срам“ влегуваат во домовите на луѓето, Луис и неговото семејство биле шокирани од најновиот „крадец“.

Тој приметил дека во последно време чинијата за храна на мачката е секогаш празна и „премногу добро исчистена“, но решил да претпостави дека апетитот на домашното милениче се зголемил. Сепак не било така.

Пред некој ден неговите деца, 14-годишниот Елиот и 11-годишната Маја откако се вратиле дома вреснале и почнале да викаат по него да дојде во кујната, а таму го чекало изненадување. ОД чинијата на нивната мачка слатко се гостел гуштер од 2 метри. Гуштерот од видот Гоана, лежерно си ја јадел храната, додека мачката тажно го гледа и Луис вели дека одлично се снаоѓал во куќата, што значи дека веројатно не му е прва посета.

Овие гуштери се меѓу најголемите во светот и се во сродство со Комодскиот змеј. Иако овие рептили не се агресивни кон луѓето, доколку не ги испровоцираат, имало случаи на напад, бидејќи гуштерите имаат остри заби и канџи. Луис вели дека неговите деба биле храбри и со помош на метла полека го избркале гуштерот.

Сподели на Facebook
пати видено