Област 51 е лоцирана во јужниот дел на Невада во западен САД, 133 км северно-северозападно од Лас Вегас. Иако се води како воена база нејзината цел не е конктерно дефинирана и поради тоа кружат гласини дека ова е „станица“ за вонземјаните.

Планинари се искачиле на врвот Тикабо за да ја погледнат мистериозната база каде што се верува дека се тестираат голем број на досега невидени летала. Во 11-тата минута од видеото може да се види неидентификуван летечки објект во близина на авион што влегува во хангар.

Може да се види и огромен нов хангар. Најголемата промена на базата во речиси десет години, хангарот е широк 65 метри и долг 76 метри, а исто така е и многу висок.

Белиот диск изгледа како да лебди над просторот лево од хангарот на авионот, додека авионот се пробива низ структурата пред да излезе од другата страна на видеото кое го снимил Кристијан.

Додека НЛО ентузијастите полуделе по видеото голем број на луѓе велат дека е пологично да се работи за нова технологија смислена од научниците на нашата планета.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено