Најчесто кога ќе му кажете на дете да му напише на Дедо Мраз што сака да му донесе пишуваат играчки, скапи телефони, игрички и слично, но не секое дете може да си дозволи овие работи да му бидат приоритет.

За жал светот функцинира така што некои деца сонуваат за топол оброк, додека други одбиваат да јадат.

Божиќ треба да биде период за радост и среќа кај децата. Сепак, за многу деца ширум светот, а во овој случај конкретно во Велика Британија, ова едноставно не е реалност. 7-годишно девојче напишало писмо до Дедо Мраз, надеваќи се дека „Таткото на Божиќ“ ќе ѝ ги оствари соништата.

Наместо да побара долг список на најновите играчки и гаџети, ова девојче едноставно побара „дом“ и „храна“ за Божиќ: „ Драг Татко на Божиќ, можеш ли да помогнеш. Можеме ли да имаме дом за Божиќ. Мама сака да бидеме сите заедно, може ли да ни дадеш малку храна и може ли да добијам само убава кукла за Божиќ. Ти благодарам.“

Неименуваното дете го испратило писмото во поштенскиот сандак во Центарот за заедници Ливерпул 6, со седиште во Евертон, кој обезбедува „практична поддршка и можности за дружење“. Писмото беше споделено од страна на советникот од центарот, Џерард Вудхаус, кој го искористи трогателното писмо за да го сврти вниманието на маките на сиромаштијата кај децата во Велика Британија.

Сподели на Facebook
пати видено