На највисоката точка на возвишението Утрехт, во холандското село Вуденберг, се извишува единствената приамида во Европа. 36-метри високата пирамида била изградена во 1804 година од страна на војниците на Наполеон, под водство на генералот Огист Мармон во спомен на неговиот пријател и идол, Наполеон Бонапарта (ако Марон подоцна го предал Бонапарта). Мармон градбата ја нарекол „Мармоново возвишение“, но во 1806 година и покрај неговото протестирање, Луј Наполеон, новиот крал на Холандија, го преименувал ридот во „Пирамидата во Аустерлиц“, во чест на битката кај Аустерлиц каде што Наполеон решително ги победил Австријците и Русите.

pr01

Во 1804 година францускиот генерал Огист Мармон воспоставил воен логор во оваа централна локација во Батависката Република, сегашна Холандија, каде што во период од неколку месеци успеал да создаде повеќе баталјони како дел од голема, добро извежбана армија, способна да го порази британскиот непријател доколку се повтори инвазијата од 1899 година. Задоволен од воената моќ на новата армија, за да ги занимава своите војници, во 1804 година Мармон им наредил да изградат споменик од земја и бусени трева, инспириран од пирамидата во Гиза, којашто Мармон ја видел во 1798 за време а Наполеоновата египетска кампања.

pr02

За изградбата биле потребни само 27 дена по кои градбата се кренала до 36 метри височина. Врвот на пирамидата бил рамен, каде бил поставен 13-метарски дрвен обелиск. Но, Мармон се брзал, и поради тоа пирамидата не била изградена квалитетно, и не било изненадување кога почнала да се распаѓа набргу по изгредбата. Мармон се мачел да ја поправи, но кога локалните жители ја вандализирале пирамидата, крадејќи ги камените плочи, исфрустрираниот генерал ја продал пирамидата и околното земјиште на Хуберт ван Вијк, кој подоцна станал градоначалник на блискиот град Утрехт. Пирамидата останала запуштена низ целиот дваесеттиот век, сѐ до нејзиното реставрирање во 2014 година. Пирамидата и околната област сега претставуваат популарна туристичка атракција и рекреативно одредиште.

pr03 pr04

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено