Скулпторката Ширин Абединирад само што ја заврши нејзината последна скулптура наречена „Огледален Зигурат“, пирамида од огледала поставена во Сиднејскиот залив, Австралија, како дел од фестивалот „Аднербели Артс“. Како и со нејзините претходни дела со огледала, иранската уметница е фасцинирата со поврзувањето на небото и земјата за да создаде невообичаени оптички илузии од речиси секоја точка на набљудување.

Во оваа инсталација бев инспирирана од пирамидалната структура на Зигурат, вообичаена форма на храм во древна Месопотамија, обидувајќи се да ги поврзам небото и земјата, за луѓето да бидат поблиску до Бог. Огледалниот Зигурат е во вид на скалило кое се стреми кон тоа да ја поврзе природата со човечките суштества и да создаде единство помеѓу древната историја и денешниот свет. Оваа инсталација нуди преобразувачки поглед кон себеси.

mirror-pyramid-2 mirror-pyramid-3 mirror-pyramid-4 mirror-pyramid-5 mirror-pyramid-6

Сподели на Facebook
пати видено