Ветеринарна клиника „Боронија“ во Мелбурн, Австралија објави интересна фотографија од „познат“ пациент. Што фотографијата ѝ стана позната на јавноста најголем број од луѓето сфатија од каде им е „познато“ оваа животно. Дали некогаш имате гледано Покемон?

Доколку одговорот е „да“ тогаш сигурно овој мал глодар ви лични на најпознатиот Покемон, Пикачу. Станува збор за редок златен опосум кој бил пронајден како лежи на земјата без неговата мајка.

Овие животни ретко можат да се најдат во дивината и ретко преживуваат поради нивната жолта боја која ги прави лесно видливи за предаторите.

Сега малото суштество ќе остане во грижа на клиниката, а потоа ќе биде сместено во посебен резерват за заштита на животните. Бидејќи премногу наликува на суштеството од цртаниот филм опосумот го добил името Пикачу.

Сподели на Facebook
пати видено