На секој од нас понекогаш му се случува да испие повеќе од што е потребно и да знае дека не треба да седне зад воланот.

Сепак тоа е најдобрата одлука која може да се донесе во тој момент. Но, дали на некој му се случило во таква ситуација да спаси живот?

Таква била ситуацијата на Тим Кроули од Јута кој заедно со неговиот сосед се „запил“. Тој и неговиот пријател седеле надвор и пиеле кога во еден момент од блиското дрво паднало многу мало врапче. Врапчето било сираче и шансите за да преживее му биле многу мали.

Тим не можел да дозволи нешто да му се случи на кутрото животно па решил да помогне, без притоа да си го загрози својот и животите на другите. Тој повикал такси преку апликацијата Убер и му кажал на возачот да го однесе врапчето во „Центарот за рехабилитација на дивиот свет на Северна Јута“, додека тие продолжиле да си пијат на тремот.

Иако возачот на Убер бил изненаден од постапката, сепак со задоволство прифатил да го однесе „пациентот“ до дадената локација. Од Убер дури и ја објавиле приказната за Тим, кој сега е херој во очите на многу луѓе.

Сподели на Facebook
пати видено