Рускиот лекар Вадим Бондар, кој всушност професионално им помага на лица со зависности (алкохол и дрога) и самиот се нашол во незавидна ситуација и летот од Бангкок до Москва го претворил во драма. Иако бил забранет алкохол на 10-часовниот лет Вадим си пиел рум, но како што тој подоцна тврдел „само кога имало турбуленции“.

На очигледно „турбулентниот“ лет патниците се вознемириле откако лекарот почнал да се обидува да го отвори излезот за итни случаи за да излезе надвор од авионот и станал екстремно агресивен.

За среќа патниците веднаш реагирале и еден патник од Норвешка успеал да го собори за подоцна да го врзат со појас за седиште, додека тој постојано плачел. Лекарот останал во оваа положба уште 4 часа додека не слетале во Москва.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено