Колку и да сакаме да не се заврши вака, факт е дека правниот систем не дејствува совршено. Напротив, во некои случаи можеме и да се запрашаме дали воопшто дејствува. За жал понекогаш се случува законот да не е доволно строг кон луѓето кои го заслужуваат тоа.

5. Винс Ли

Во 2008 година Винс Ли, роден во Кина, но емигрирал во Канада, се качил во автобус и седнал до младиот Тим Меклин. Додека Меклин одмарал, со слушалки на ушите, Ли извадил огромен нож и почнал да го боде Тим во пределот на грлото и градите. Останатите патници преплашени го напуштиле автобусот. Во меѓувреме Винс Ли ја отсекол главата на Тим и почнал да го јаде неговото тело. Во моментов Винс Ли е на слобода. Бидејќи тој е прогласен за ментално болен, Ли не подлежи на кривична одговорност. Наместо тоа е пратен во лудница, од каде е пуштен откако е оценето дека веќе не претставува опасност за општеството. Денес никој не врши контрола на Винс Ли.

4. Карл Танцлер

Карл Танцлер бил германски лекар, кој работел во САД, кој се вљубил во својот пациентка болна од туберкулоза. Во тоа време туберкулозата била често фатална болест, поради што младата Елена де Хојос починала. Но, лудиот Карл бил толку вљубен во неа што го откопал нејзиното тело, го завиткал во гипс и живеел со него цели 7 години, пред да биде забележан дека танцува со трупот покрај неговиот прозорец. Сепак судот не можел да стори ништо затоа што делото било застарено и Карл бил пуштен на слобода.

3. Педро Лопез

Педро Лопез е доказ дека правниот систем во Јужна Америка може да биде ужасен. Иако признал дека убил и силувал 300 луѓе, Лопез е пуштен на слобода. Има нешто уште погнасно во целата приказна, Лопез преферирал мали девојчиња на возраст меѓу 9 и 12 години. Жртвите ги фрлал во масовна гробница, а кога бил уапсен во Еквадор во 1980 година, ги признал сите убиства а и гробницата била пронајдена од полицијата. Овој психопат е осуден на само 16 години затвор, од каде што бил ослободен поради „добро однесување“. Сепак бил испратен во лудница во Колумбија, но по три години и од таму бил пуштен откако е оценето дека веќе не претставува опасност за другите. Во моментов Лопез е баран за ново убиство, но сеуште не може да биде пронајден од властите. Не се знае и дали воопшто е меѓу живите.

2. Карла Хомолка

Карла Хомолка е една од најпознатите жени-убијци на територијата на Канада. Таа убива во тандем со својот поранешен сопруг Пол Бернардо, кој и во моментов е во затвор. Двајцата признале убиство и силување на најмалку три жени, но се верува дека бројката е поголема. Уште полошо е дека една од жртвите на Хомолка е нејзината сопствена сестра. Таа ја „подарила“ нејзината сестра како свадбен подарок на нејзиниот сопруг Пол. Потоа учествувала во нејзиното силување и убиство, а сетоа тоа го снимиле. Двајцата продолжиле да го прават истото и со други млади девојки. Хомолка успеала да се ослободи од доживотната затворска казна, откако се согласила да се изјасни виновна и да сведочи против својот сопруг. Така таа добила само 12 години зад решетките. Карла излегла на слобода во 2005 година и денес таа повторно е омажена и има три деца.

1. Исеи Сагава

Во 1981 година Исеи Сагава поканил една своја студентка во неговиот стан во Пзриз и ја застрелал во грлото. Потоа тој со остар нож ја исекол на парчиња и го јадел нејзиното тело, а претходно вршел сексуални активности со трупот на младата жена. Бил уапсен додека се обидувал да се ослободи од останките на жртвата во езерото. Францускиот суд утврдил дека Сагава е луд, поради што тој не можел да носи судска одговорност. Екстрадиран е назад во Јапонија. Бидејќи судот во Франција одбивал да ги сподели документите за случајот, велејќи дека случајот е затворен, јапонскиот суд немал што да користи против човекојадецот. При што тој едноставно тој бил пуштен на слобода. Не само што Сагава бил пуштен на слобода, туку тој дури се претвора во славна личност во својата татковина, почнувајќи да дава интервју по интервју. Дури најавил дека планира повторно да изврши убиство. „Не негирам дека повторно ќе сакам да пробам човечко место. Тоа е ужасно вкусно“, изјавил тој во едно интервју.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено