Убавината на Русинките е надалеку позната и многумина би се согласиле дека Русинките се меѓу најубавите жени во светот. Освен гените, за својата волшебна убавина и шарм Русинките можат да се заблагодарат и на определен стил на живот. Со вас сега споделуваме пет нивни тајни.
1. Многу пешачење како најдрага рекреација
Освен одличните гени, Русинките својата убавина ја должат и на определен стил на живот. Имено, овие Словенки од сите телесни активности најмногу го сакаат пешачењето. За своите витки тела можат да се заблагодарат на тоа што многу пешачат, дури и по најострите руски зими. По пешачењето следуваат пливањето, возењето велосипед, вежбање во теретана, а колку се грижат за нивното тело докажува и фактот дека често ги посетуваат спа центрите и продавниците за козметика.
2. Овошје, зеленчук и билки во тањирот, но и во бањата
Исхраната на Русинките е богата со коренест зеленчук, а во нивните тањири секојдневно се наоѓаат и топли супи од зеленчук, традиционално јадење во руската кујна. Русинките со широко отворени раце ги прифатиле даровите на природата и во поглед на одржувањето на убавината на кожата и косата. Меѓу најчестите билки кои се употребуваат во нивните бањи се среќаваат хмељ, коприва, детелина и слични билки кои ги употребуваат за одржување на свежината и здравјето на кожата, но и за нега на коренот на косата за да добијат сјајна и цврста коса полна со волумен.
3. Тапкање по лицето за долговечна младоликост
Кога станува збор за шминкањето, Русинките се служат со некои невообичаени методи за нивните лица да изгледаат што е можно посвежо, поздраво и помладо. Еден од триковите кои ги употребуваат е нежно удирање по лицето при нанесувањето на шминката. Русинките се познати по своите големи очи кои просто маѓепсуваат, а овие преубави жени милуваат уште повеќе да ги нагласат со обилни слоеви маскара и сенки.
Шминка за убавина и заштита
Русинките се надалеку познати и по својот нежен, свтол и беспрекорен тен кој меѓу другото се должи на студениот руски воздух кој ги затвора порите и го забрзува мазнењето на кожата. Со тој тен како алабастер, сакаат да комбинираат впечатливи црвила, а омилени им се црвената и кафеавата боја, а замаксимален ефект додаваат и сјај на усните.
5. Маска од јајца за лицето и косата
Русинките се поборнички за природен третман за убавина, особено кога станува збор за лицето и косата. Еден од најомилените третмани за убавина во домашна изработка се маските од јајца, кои ги приготвуваат на следниот начин;
За лице:
– измијте го лицето со топла вода и нежно избришете го со чиста крпа
– одвојте ја белката од жолчката
– за маската употребете ја белката на која претходно ѝ додавате една лажичка млеко
– маската нанесете ја на лицето и оставете да отстои 10 до 15 минути
– измијте го лицето со студена вода
За коса:
– на жолчката додадете малку маслиново масло и мед и добро промешајте
– маската нанесете ја на косата и оставете да стои еден час
– измијте ја косата со шампон