Маите верувале дека пештерите, особено тие кои се протегаат неколку километри во подземјето, се влез во подземниот свет на Ксибалба, „местото на страв“, каде што живеат злите богови. Маите се плашеле од подземјето и правеле сѐ да ги задоволат овие ужасни богови за кои верувале дека живеат таму, принесувајќи и човечки жртви. Една таква пештера во која Маите изведувале ритуални жртвувања се наоѓа во срцето на Белизе во близина на Сан Игнацио во природниот резерват на планината Тапир.

Актун Туничил Мукнал за првпат била истражена во доцните 1980-ти. Влезот во пештерата е во облик на песочен часовник и е поплавен со вода. Остатоци од церемонијалните жртви започнуваат да се забележуваат уште од самиот влез на пештерата, започнувајќи од куќички од полжави, а како што навлегувате подлабако во пештерата, глетката станува сѐ почудна и почудна. Половина километар навнаре се наоѓа главната комора каде можат да се видат остатоци од четиринаесет човечки костури, вклучувајќи ги и калцифираните останки на тело кое е наречено Кристалната Девојка.

ми01

Кристалната Девојка бла девојка на околу дваесет години којашто била жртвувана од страна на древен свештеник на Маите како дел од религиски ритуал кој се случил пред повеќе од 1000 години. Таа лежи на својот грб, нејзината уста е отворена а целиот костур е покриен со сјаен калцит, создаден од наслаги на минерали, а оттаму и името „Кристалната Девојка“. Самата пештера била наречена според неа. Актун Туничил Мукнал значи „Пештерата на Кристалната Гробница“.

Другите костури или биле напикани во аглите и пукнатините, или расфрлани наоколу. Нивната возраст се движи од едногодишни бебиња, до возрасни во нивните триесетти и четириесетти. Насекаде има керамички садови, музички инструменти, накит, мали скулптури и боцки од раја кои биле употребувани за пуштање крв. Многу од овие артефакти и останки биле целосно калцифицирани на пештерското дно. Маите исто така ги обликувале пештерските формации за да создадат олтари за жртвите, или правеле силуети на лица и животни кои фрлале карактеристични сенки во пештерата.

Неодамнешни истражувања за климата во Средна Америка покажале дека сушата можеби одиграла значајна улога во пропаста на цивилизацијата, па така можеби е и поводот за овие жртвувања кои во 9-тиот век започнале да се случуваат со поголема зачестеност, токму пред исчезнувањето на Маите. Според нивната митологија, еден од жителите на подземјето бил Чак, богот на дождот, па така овие жртви можеби му биле нудени на него.

Повеќето од артефактите во Актун Туничи Мукнал се оставени во истата состојба во која биле најдени, што ја прави една од најдобро сочуваните пештери која во себе содржи жртвени објекти од цивилизацијата на Маите.

ми02 ми03 ми04 ми06 ми07 ми08 ми09 ми10 ми11 ми12 ми13 ми14 ми15 ми16 ми17 ми18

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено