На сите барем еднаш ни се има случено да се обидуваме да стигнеме некаде и пред нас да оди личност која се движи со брзина еквивалентна на полжав, а ние така нервозно се обидуваме да ги престигнеме од едната страна и да си продолжиме по патот и да пристигнеме таму каде што треба… по можност денес.

Сепак имаме лоши вести за „полжавите“. Според науката тие ја губат најважната трка, животот…

Истражувањето покажа дека брзите пешаци живеат 15 години повеќе од спорите пешаци. Цели 15 години! Истражувањето, спроведено од тим на Универзитетот Лестер, ги анализира податоците од 474.919 луѓе со просечна возраст од 52 години во Велика Британија помеѓу 2006 и 2016 година.

Тимот откри дека, без оглед на тежината, оние со постојано брзо темпо на одење имаат подолг животен век – од недоволна тежина до морбидно дебели. Жените што оделе побрзо имале живот со старост од 86,7 до 87,8 години, додека жените што оделе со побавно темпо имале животен век од 72,4 години. Очекуваното траење на животот кај мажите падна уште пониско; од 85,2 до 86,8 години со брзо темпо на само 64,8 за бавни пешаци.

Ова е прв пат истражувањето да го поврзе брзото темпо со подолг животен век, без оглед на телесната тежина или дебелината.

Професорот Том Јејтс, водечки автор на студијата од Универзитетот во Лестер, во изјавата вели: „Нашите наоди може да помогнат да се разјасни релативната важност на физичката кондиција во однос на телесната тежина на очекуваното траење на животот на поединците. Со други зборови, наодите укажуваат на тоа дека можеби физичката кондиција е подобар показател за очекуваниот животен век од индексот на телесна маса (BMI), и дека охрабрувањето на населението да се вклучат во брзо одење може да додаде години во нивниот живот.“

Истражувањето зеде податоци од Biobank на Велика Британија и беше анализирано од страна на Националниот институт за здравствени истражувања, Лестер болниците и универзитетите од Лестер и Лауборо.

Сподели на Facebook
пати видено