Поранешен инженер на РАФ (Кралски воздухопловни сили на Англија), кој поминал шест децении градејќи модели на секој авион користен од воздухопловните сили, сега има повеќе од целата нивна флота.

85-годишниот Клиф Вајт може да се пофали со речиси 300 модели на авиони кои ја опфаќаат историјата на РАФ, започнувајќи со Sopwith Camel од Првата светска војна до моментот кога влегол Eurofighter Typhoon.

Колекцијата на пензионираниот службеник, која што ја започнал во 1956 година за време на својата национална служба сега стана поголема од онаа на РАФ. Клиф сака да ја донира својата колекција на музејот на РАФ. Повеќето од неговите модели се изградени од дрво од балса, кое тој самиот го резба, но тој ужива да ги составува комплетите на „Airfix“ со внуците – но за жал, ќе мора да се откаже од своето хоби.

Тој вели: „Мојот вид и умешност не се она што беа. Сега е време да се обидеме да ги преместиме. Не сакам колекцијата да заврши во ѓубре. Сè додека одат во добар дом, нема да бидам тажен да ги видам како си одат. би ми се остварил сонот да заминат во музејот. Мојата приказа за градење модели ќе добие цел циклус.“

Г-дин Вајт одби неколку профитабилни понуди за поединечни модели затоа што не сака да ја подели својата импресивна колекција, за која се надева дека ќе ја види во Хендон Аеродром, каде сега се наоѓа музејот РАФ.

Сподели на Facebook
пати видено