70-годишниот Тери Брејзер од Англија зборувал со медицинската сестра додека лекарите ја извршувале процедурата по која што тој дошол, или барем мислел дека тоа се случува.

Пензионерот отишол за да добие цистоскопија плус ботокс на мочниот меур, но добил нешто друго.

Додека тој си муабетел со сестрата лекарите го обрежале. Бидејќи обрежувањето не било дел од планот на Тери тој прилично се шокирал кога сфатил што се случило.

Лекарите наводно ги измешале дијагнозите на пациентите и поради тоа Тери станал „жртва“ на обрежување.

Пензионерот решил да ја тужи болницата, но за да не дојде до сериозни последици се договориле болницата да му исплати на оштетениот 20.000 евра. Исто така директорот на болницата јавно му се извинил на Тери за направената грешка.

Сподели на Facebook
пати видено