Длабоко под раздвижените улици во Пекинг, Кина, се наоѓа еден поинаков свет, чија скриеност е лошо чувана тајна. Градот е дом на 21,5 милиони луѓе, но неколку илјади од нив живеат во овие подземни тунели кои се протегаат и до три ката под земјата. Не се открива колку изнесува вкупната големина на градот и каде се наоѓаат сите тунели, но се претпоставува дека повржината изнесува повеќе од 80 километри квадратни и овие тунели ги поврзуваат сите градски главни владини згради. Некогаш имало дури 900 влезови.

Кај Кинезите градот е познат како Диксие Ченг, што во превод значи зандана. Бил создаден како засолниште од нуклеарен напад од страна на обичните луѓе кои копале рачно, многу од нив опремени само со лопати и кои носеле сè во кошници од бамбус. Работа започнала во 1969 година и тајниот град продолжил да се проширува до 1979 година.

Тензијата меѓу Кина и Русија за време на Студената војна дојде до „точка на вриење“ во 1969 година со кинеско-советскиот пограничен конфликт, непријавена воена престрелка која ја тестираше волјата на двете земји. Односот меѓу двете земји продолжи со деликатната рамнотежа до 1991 година. Кина била свесна дека постои можност за вистинска војна.

Одговорот на Мао Це Тунг, претседател на Народна Република Кина, требаше да им даде инструкции на своите граѓани, тој рекол: „Shenwadong, chengjiliang, buchengba“, што во слободен превод би значело „копајте тунели, чувајте храна и подготвувајте се за војна.“. Во Пекинг околу 300.000 цивили буквално го сфатиле предупредувањето на претседателот и почнале да копаат. Жителите на Пекинг, под водство на армиски инженери, создадоа огромна, комплексна подземна мрежа.

Различните системи од тунели поврзувале околу 10.000 атомски бункери, плус ресторани, театри, магацини, фабрики, фабрика за печурки, спортски објекти, сè што можеби ќе и било потребно на заедницата за да преживее нуклеарна војна.

Дури и системот за вентилација можел да биде изолиран од надворешниот воздух. Според некои извештаи, кинеската влада се фалела во тоа време дека подземниот комплекс бил доволно голем за да може да се смести целото население во централниот Пекинг, околу 6 милиони луѓе во 1969 година.

Се разбира Диксие Ченг никогаш не бил употребен за неговата цел. Во 1980-тите, неколку делови биле предадени на соседните власти, кои ги претвориле овие бункери во канцеларии и продавници. Сепак, најголемиот дел од подземниот свет во Пекинг е во приватна сопственост и се уште има неколку влезови од подрумите на обичните продавници и станбени згради.

Искористувајќи го зголемувањето на бројот на луѓе кои мигрираат од рурални средини за да најдат работа во Пекинг, сопствениците на делови од тунелскиот систем ги претвориле своите бункери во мали станбени единици, нудејќи им околу една третина од високите цени за изнајмување во градот. Познати како „Племе на стаорците“ некои луѓе живееле тука со децении.

Во 2010 година Пекинг забранил тунелите да се користат како живеалишта. Сепак, жителите немале каде да одат и им било дозволено да останат, но со несигурна иднина.

Во 2016 година, можеби поради зголемена медиумска изложеност на животот под Пекинг, првата група на жители во тунелите биле протерани – без предупредување. Другите жители несомнено се прашуваат кога ќе излезат планови за евакуација, во кои е вклучена нивната област.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено