Пејо се враќа од службено патување и пишува финансиски извештај:
„За пат – толку, за спиење – толку, дневница – толку, жена – 500 денари.“
Сметководителот ја гледа сметката и му вели:
– Колега, трошоци за жени по закон не се предвидени. Но добро, ќе го надоместиме некако. Пиши: „Ковење шајки – 500 денари“.
По 1 месец Пејо пак се враќа од службено патување и му дава на сметководителот финансиски извештај:
„За пат – толку, за спиење – толку, дневници – толку, ковење шајки – 500 денари, поправка на чеканот – 1000 денари“

Сподели на Facebook
пати видено