Дали ви здодеа да се занимавате со некој спорт и сакате нешто ново и уникатно? Што велите за пеглање на кошулата на висина над 5.000 метри надморска височина или извлекување околу 570 црви од земјата со ограничено време? Би се изненадиле колку луѓе ги сакаат овие спортови.

Сепак, ова не е крај на приказната: има многу други чудни спортски настани кои се или рекреација или хибрид на популарните игри.

12. Тркалање на сирење

Секоја година се пушта кружно парче сирење од врвот на ридот Купер Хил, во близина на Глостер во Англија и натпреварувачите почнуваат да го бркаат. Бидејќи е мала веројатноста дека ќе го стигнат за да го фатат, за победник се смета оној кој прв ќе ја помине целта.

11. Шаховски бокс

Шаховскиот бокс, измислен од холандскиот уметник Иепе Рубинг, првично се смета дека е уметничка изведба, а не спорт. Денес, играта се состои од 11 круга – 6 круга шах и 5 круга бокс. Натпреварувачот може да победи со нокаут во рингот или шах-мат на таблата. Всушност, тоа е добра можност да ги тестирате и вашите физички и ментални способности.

10. Шармирање на црви

Шармирање на црви е спорт каде што на учесниците им е дадена површина од 3 m² и тие се обидуваат да извлечат што повеќе црви од теренот во рок од 30 минути. Светскиот рекорд ѝ припаѓа на 10-годишната Софи Смит која шармирала 567 црви на површината во 2009 година.

9. Меурен фудбал

Играчите се „спакувани“ во гумени меурчиња што го покриваат горниот дел од телото и главата. Играта за првпат била измислена во Норвешка во 2011 година. Натпреварот го играат 2 екипи, од кои секоја се состои од не повеќе од 5 играчи. Според правилата на играта, секој тим мора да има барем една жена на теренот во секое време за време на играта.

8. Носење на сопругата

Спортот на носење на сопругата е роден во малиот град Сонкајарви во Финска. Машките натпреварувачи трчаат додека секој ги носи своите сопруги на грб преку пречки. Историјата на носењето на сопругата е базирана на легендата од 19-тиот век за крадецот Ронкаинен. Според една од верзиите, Ронкаинен и членовите на неговата банда краделе храна и жени од соседните села што ги носеле преку рамениците додека бегале. Светското првенство се одржува секоја година во Финска, а победникот добива пиво, според тежината на неговта жена.

7. Нуркање во кал

Нуркањето во кал е веројатно еден од најбизарните спортови на земјата. Секоја година во август стотици пливачи низ целиот свет се собираат во малиот град Ланврдид Велс, во Велс, за да се натпреваруваат на Светското првенство за нуркање во кал.

6. Сурфање со бамбус

Оваа трка е позната во провинцијата Гуижоу, југозападна Кина. Натпреварувачите стојат на околу 7 метри долг бамбус и користат тенок стап на бамбус за веслање. Првично, ова не било спорт, туку средство за транспорт во Кина.

5. Екстремно пеглање

Според „Бирото за екстремно пеглање“ овој спорт комбинира возбудувања со екстремна активност на отворено со задоволство на добро испеглана кошула. Конкурентите се нарекуваат себеси „пеглачи“ и одат на опасни или оддалечени места со даска за да пеглаат. Активностите може да вклучуваат пеглање под вода, на врв на планина, пеглање на возила во движење, во кану, на прометна улица, додека скокаат со падобран и слично.

4. Борба со прсти на нозете

Овој невообичаен спорт вклучува двајца натпреварувачи кои се обидуваат да си ги турнат нозете и да ги задржат на земјата најмалку 3 секудни. Постојат три круга кои се играат првин со десната нога, а потоа со левата. Овој чуден спорт датира од 1976 година кога група луѓе што живееле во Стафордшир се обидувале да смислат спорт во кој што би можеле да победат само Британците.

3. Тркалање на трупци

2 натпреварувачи се обидуваат да застанат на подвижен трупец додека предизвикуваат противникот да изгуби рамнотежата и да падне. Тие не смеат да го допираат и туркаат противникот, но можат да го турнат трупецот.

2. Подводен бокс

Боксерите треба да го задржат здивот под вода по една минута, во 3 круга и да излезат на површината за да земат воздух помеѓу круговите.

1. Броење на овци

Броењето на овци станаа многу популарно во Австралија во последниве години. Спротивно на менталната вежба на броење овци за да заспиете, овој спорт бара многу внимание и остар вид. Околу 400 овци се ослободуваат од трлото и трчаат по 10 натпреварувачи кои се обидуваат да ги избројат што е можно попрецизно. Лицето кое го наведува точниот број на овци станува победник на натпреварот.

Сподели на Facebook
пати видено