Снимиле видео „Социјален експеримент“ за да ги видат реакциите на луѓето кога на автобуска станица во Атина еден постар Грк се помижува дечко од Бангладеш. Ај што од километар се гледа дека целово видео е местено и монтирано за да се прикаже одредена слика, ама барем да ги исклучеле коментарите. Под видеото објавено на YouTube има над 1400 коментари од кои голем дел неонацистички, кои даваат јасна слика што се случува во Грција. Впрочем, македонското малцинство во Грција најдобро го знае тоа.

Еве дел од коментарите преведени од грчки на македонски:

„Прашањето е колку монтажни паднаа во видеото? Колку инциденти беа исечени и од каков вид? Дали истражувањето е насочено за да покаже дека не сме расисти?“

„Напишете ја вистината за овој експеримент. Секојдневно читаме дека многу имигранти се тепани од страна на нацистите во Грција.“

„Не е расизам да се побара депортација на илегалните имигранти. Лицемери и лажговци сте, ниту сте прогресивни ниту пак ништо.“

„После втората минута секој кој се појавува и зборува, сите се актери“

„Ќе дојде време! Гледајте што се случува во странство. Се се тоа свињи кои не плаќаат даноци.“

„Многу негрци го окупираат центарот!! Ова не се трпи повеќе!! Се се тоа илегални имигранти како господинот во видеото!! Имаме опаѓање на стапката на раѓање… не сакаме други!! Ова е наша земја!!“

Сподели на Facebook
пати видено