Ловци на богатства со детектор за метал го открија едно од најголемите богатства во историјата на Британија за кое се верува дека вреди над 5 милиони евра.

Адам Стејплс и партнерката Лиза Грејс го откопаа откритието на векот кое се состои од скоро 2.600 антички монети што датираат од пред 1.000 години.

Иако откритието е помало од познатото Стафордширско богатство- најголемата колекција закопани монети и артефакти откриени во Велика Британија – се смета дека е најмалку 1 милион евра повредно. 2.571 сребрени монети се составени од пени на кралот Харолд Втори од крајот на Англо-Саксонската Англија и монети на Вилијам Освојувачот.

Многу од монетите се во добра стостојба и секоја од нив може да се вреднува од 1.000 до 6.000 евра. Експертите велат дека монетите во тоа време би биле значителна сума пари и ѝ припаѓале на важна, богата личност која веројатно ги закопала за да ги сочува.

Г-дин Стејплс и Г-ѓа Грејс (42) го направија зачудувачкиот наод со своите метални детектори додека пребаруваа напуштено поле на фарма во областа на северо-источен Сомерсет. Бидејќи владеењето на кралот Харолд траеше само девет месеци, пред тој да биде познат по тоа што е погоден со стрела во окото во битката кај Хастингс, монетите од тој период се неверојатно ретки.

Исто така се вели дека помеѓу монетите има и неколку сѐ уште непознати монети. Двојката ги известила локалните службеници во областа на округот, бидејќи биле обврзани со закон и им ги дале монетите на британскиот музеј во Лондон да ги процени. Оваа недела ќе бидат откриени за прв пат во јавноста.

Ако монетите се прогласат за национално богатство тогаш ќе бидат однесени во музеј и на наоѓачите ќе им биде даден износот на нивната вредност. Ова би значело дека Адам, Лиза и сопственикот на нивата преку ноќ би станале милионери.

Ако тие не се сметаат за доволно важни за музејот ќе бидат вратени на пронаоѓачите за да можат тие самите да си ги продадат.

Сподели на Facebook
пати видено