Тим од лекари посетиле село во близина на градот Биџи во југозападна провинција Гуижу во Кина. Таму од лекарката Лиу Хонмеј поралале помош сопружници кои имале проблем да зачнат дете веќе 4 години.

Неименуваниот сопруг и сопруга, биле на возраст од 26 и 24 години.

„Двојката беше многу млада, мажот 26 и жената 24. Тие беа многу здрави, но, и покрај тоа што беа во брак четири години, не можеа да зачнат. Нивното семејство многу ги притискало поради тоа.“, вели Лиу.

Додека прашува за медицинската историја на жената за време на посетата на селото, на Лиу ѝ било кажано дека двојката редовно имала секс. Жената, исто така ѝ открила дека искуството било „необично болно“ за неа секој пат, но таа издржувала со надеж дека ќе забремени.

Според симптомите на жената Лиу помислила дека можеби има некаква гинеколошка болест. Лиу изјавила дека се шокирала кога по прегледот открила дека жената всушнот сѐ уште е невина. Потоа ѝ го прегледала анусот за во кој вели дека „можат да се сместат 3 прсти“.

Тогаш и станало јасно дека парот 4 години имал само анален секс и им дала книга со илустрации за едукација, а исто така им дала и „упатства“ како да го направат тоа на „вистинскиот начин“.

По неколку месеци жената останала бремена и Лиу вели дека како подарок ѝ испратиле 100 јајца и живи кокошки.

Сподели на Facebook
пати видено